11-то издание · 9–12 декември 2026

2026

По прославата на десетгодишнината во 2025, Winter Apricots ја отвора својата втора деценија. Секој декември Прилеп станува сцена за кратки филмови од целиот свет, придружени со концерти, промоции на книги, панели за филмот, изложби и многу повеќе.

Точните датуми, целосната програма и жирито на 11-тото издание наскоро ќе бидат објавени тука.

Програмски селекции

  1. 01

    Интернационална селекција

    Кратки филмови од пет континенти, кои се натпреваруваат за Најдобар филм, Најдобар звук, Најдобра фотографија и Најдобар концепт.

  2. 02

    Балканска селекција

    Најхрабрите кратки филмови од Регионот, кои се натпреваруваат за Најдобар балкански филм.

  3. 03

    Национална селекција

    Преглед на новиот македонски филм, во конкуренција за Најдобар национален филм.

  4. 04

    Скринденс селекцијаНенатпреварувачка

    Ненатпреварувачка селекција во соработка со Associazione Augenblick, ко-организатор на Фестивалот FuoriFormato во Џенова. Единствена програма во земјата посветена на дијалогот меѓу движењето и филмот.

Награди

  • Најдобар филм – Интернационална
  • Најдобар звук – Интернационална
  • Најдобра фотографија – Интернационална
  • Најдобар концепт – Интернационална
  • Најдобар филм – Балканска
  • Најдобар филм – Национална
  • Награда на младите критичари Winter Apricots

Распоред

Целосниот распоред за 2026 наскоро ќе биде објавен. Следете ги вестите за најави.